0 коментари 2 мин. читање 31 мај, 2017

Иднината на подоброто аеродромско искуство пристига, Gatwick со навигација во затворен простор

Вториот аеродром по големина во Британија, Gatwick воведе внатрешна навигација. Аеродромот е огромен, па со помош на технологијата снаоѓањето на патниците треба да биде полесно и поедноставно, јави Next Web.

Целиот аеродром е опремен со 2000 Bluetooth одбележувачи (beacon). Аеродромот на овој проект соработува со стартапот Pointr. Ова им помага на корисниците да знаат точно каде се наоѓаат  на аеродромот. Точноста со која се определува локацијата е до три метри. Ова овозможува директна презентација на патниците на дигиталната мапа на телефонот.

Во иднина оваа технологија треба да биде многу подобра. Апликацијта ќе може да ги известува патниците кога доцнат, да подготви најбрза рута, но и да имаат многу повеќе податоци за фреквентноста на патниците. Целата мрежа ќе биде споена со апликацијата на аеродромот. Ова треба да овозможи и додавање на проширена реалноста, функционалност за известување на патниците, но и споделување на овие податоци со авиопревозниците.

Секако продавниците на аеродромот ќе имаат доволно податоци за близината на патниците. Ова ќе овозможи испраќање на реклами кога некој од патниците ќе биде во близина.

Google тестира технологија која иако е различна ќе понуди слични можности. Со Project Tango може детално да се мапира внатрешноста и да се лоцираат корисниците. Сепак за ова ќе бидe потребно корисникот да користи Tango телефон. Технологијата од Pointr работи со сите уреди.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top