По се изгледа доаѓа крајот на продавниците кои продаваат „hard copy“ на видео игри, вели Френк Гибо, претседател за изданијата на EA Games. Мислењето доаѓа по првата година и едната милјарда долари на дигиталната продавница на EA, Origin. Во интервјуто за GamesIndustry International тој вели дека во иднината на игрите кои ги издава ЕА ќе се продаваат единствено во дигитална верзија.
Сепак промената нема да се случи преку ноќ, се додека постои доволен број на купувачи на игри на дискови ЕА ќе продолжи да ги снабдува. Сепак ако компанијата 100 проценти од продажбата ја оствари преку Origin нема да мора да ги делат парите со партнерите кои продаваат игри. За жал и покрај добрата идеја дека „игрите ќе бидат достапни истовремено низ целиот свет“ сведоци сме дека не е така. Пример, StarWars: The Old Republic не беше достапна неколку месеци во некои европски држави.
Покрај ова тој не заборави да спомне дека ЕА се подготвуваат и за гејминг облакот пред се преку соработка со Gaikai. Изјавата доаѓа по аквизицијата на Gakai од Sony па најверојатно дел од игрите ќе бидат само за PlayStation.
Иако г.Гибо изјавува дека според извештаите стандардниот начин на продавање на игри е во опаѓање, мора да ги има во предвид и навиките на гејмерите кои сепак повеќе ги сакаат дисковите. Интересно, по коментарите на г. Гибо се огласи и истражувачите NPD group кои посочуваат на еден проблем – најголем дел од игрите излегуваат и се продаваат пред големите празници. Токму поради празничните навики, најголем дел од игрите се купуваат за подарак, а мора да се признае дека барем за сега тешко веројатно е дека некој ќе купи дигитална копија за божиќен или новогодишен поклон.







