Тери Зинк, инженер во Microsoft, откри Android уреди кои биле користени да испраќаат спам пораки. Тој на својот блог објасни како ги искористил заглавијата на спам пораките кои како потпис содржеле „Sent from Yahoo! Mail on Android“.
Тој се сомнева дека некој сајбер криминалец има развиено злонамерен софтвер кој може да пристапи до Yahoo Mail сметките на Android уредите и од нив да испраќа спам пораки. Бидејќи Yahoo ги прикажува IP адресите од каде се испратени пораките, г. Зинк успеа да пронајде од кои земји се испраќани. На листата се најдоа 10 земји: Чиле, Индонезија, Либан, Оман, Филипините, Русија, Саудиска Арабија, Тајланд, Украина и Венецуела.
„Се кладам дека некој од корисниците на овие мобилни има преземено некоја малициозна Android апликација со цел да избегне плаќање за оригиналната верзија и добиле нешто повеќе отколку што се надевале“, пишува тој.
За крај, еден совет: Инсталирајте апликации само од Google Play и избегнувајте апликации од трети сајтови, освен доколку сте сигурни дека апликацијата е безбедна или знаете кој ја има развиено апликацијата и му верувате.
Коментари
6 коментари
Коментарите се затворени.