Јапонскиот Telepathy е првиот конкурент на Google Glass

во Хардвер

Иако и досега знаевме дека очилата на Google Glass нема да поминат без конкуренција, сепак очекувавме првата официјална најава да дојде од гигантите како Microsoft или Apple. Наместо ова, првиот уред доаѓа од Jапонија, а негов креатор е Такахито Игучи, јавува CNET.

За разлика од производот на Google, очилата Telepathy ќе овозможуваат споделување на видеа со тесен круг на пријатели, поточно за остварување на „телепатско“ поврзување со вашите пријатели. Ова ќе се оствари со помош на проектор кој ќе стрима видео од тоа што го гледате до вашите пријатели. Во стримот во обратен правец ќе може да ги читате нивните коментари.

Целта на очилата е едноставно да споделуваат видеа и интимни моменти во реално време, се ова додека носите кул и стилски уред, вели г. Игучи. Уредот е сеуште во рана фаза, што се гледа и од од малиот број на апликации, засега апликациите не се во преден план, па поради ова SDK за девелоперите можеби ќе почека до Telepathy Two. Интересно е дека Telepathy One ќе се појави до крајот на 2013 година што значи дека ќе биде достапен пред Google Glass. Цената на овие очила ќе биде конкурентна со Glass што би значело дека ќе бидат околу 1.500 долари.

[youtube]bE5oKMmKyhg[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk