За многумина VLC player е крал на стримањето, видеото, па и музиката. Иако Android уредите не може многу да се пожалат за гледањето на видеа на своите паметни телефони, сепак некогаш е потребно да се има и некаква надворешна поткрепа. Со VLC за Android можете да ги користите сите три плејбек опции кои се достапни и на десктоп, а тоа се да слушате музика, гледате видео или некој стрим директно преку веб. VLC е доста паметен да ги пронајде сите мултимедијални податоци, без разлика каде се зачувани. Без никакви проблеми ќе можете да гледате HD видео од 720p, додека за 1080p би можеле да имате некои ситни проблеми, доколку имате послаб хардвер.
Плеерот за музика е еден од поедноставните кои може да постојат. Присутни се стандардните преминувања од артист во албуми, песни, жанрови. Сето тоа работи глатко без да влијае на тоа што оди во позадина. Исто така, возможно е да слушате и аудио стримови. Сѐ што треба да направите е само да му ја дадете URL адресата.
VLC сѐ уште е во бета, но можете бесплатно да го преземете од Google Play.









Nice stuff, thank you for sharing with us