Српското студио за развој на видеоигри, Level Bit, отсега е во сопственост на израелската компанија TabTale Games коja има свои канцеларии и во Македонија, јави Venturebeat. Израелската компанија која креира игри за паметни телефони, вели дека нивните едукативни игри за деца се преземени над 300 милиони пати, со над 30 милиони активни корисници.
Според првите информации, Level Bit ќе продолжи со својата активност со тоа што сега игрите ќе бидат наменети исклучиво за повозрасната публика, нешто што можеби му недостасува на израелскиот издавач. Српската компанија е препознатлива по играта Genesis Rising, која покрај неповолните критики според зборовите на Level Bit е најпродавана српска РС игра досега.
„Ја очекувавме оваа аквизиција на Level Bit, кои се прочуени по богатството на содржина во своите игри. Ова ќе го зголеми портфолиото на TabTale за игри за поширока публика, област која постојано расте под брендот Crazy Labs. Заедно со новите насоки, TabTale ќе продлжи да биде глобален лидер на полето на развој за игри за деца како и досега“, вели Саги Шлисер, директор на TabTale.
Tab Tale Games покрај Израел и Македонија има свои канцеларии и во САД, Кина Србија, Бугарија и Украина. Компанијата досега има над 13,5 милиони долари инвестиции, а во нивните инвеститори се и Qualcomm Ventures и Magma Venture Partners.







