{mosimage}Денеска на официјалниот блог на Google за Google Earth и Google Maps беше објавена најновата верзија на популарниот софтвер за виртуелно истражување на земјината топка, Google Earth. Во верзијата 4.3 која засега е во бета издание ви се претставени поголем дел на подобрувања и неколку значајни промени како побрзо вчитување на 3D објекти и подобар квалитет на истите, како и нова навигација за подобрено искуство.
По разни истражувања за тоа како корисниците ги користат навигационите команди на Google Earth, тимот кој е задолжен за овој проект во најновата верзија претстави полесен начин за истражување и движење кој помалку потсетува на начинот на навигација во поголем број на видео игри.
Во верзијата 4.3 овозможено е побрзо вчитување на 3D Објекти кои сега се застапени во поголем број благодарение на испратените објекти создадени преку 3D Warehouse од страна на корисниците. А во поголемите градови како Бостон, Токио и Минхен се создадени пореалистични 3D згради.
Во новата верзија на Google Earth како позначајна промена е и можноста за прегледување на изгревање и заоѓање на сонцето од било која локација во светот, па дури и од уличната перспектива. Иаку оваа опција засега е далеку од совршена, сепак е интересна занимација која може да го подобри доживувањето при користење на овој софтвер.
За да ги откриете другите промени, превземете ја верзијата 4.3, инсталирајте и уживајте.
П.С. Да не заборавиме дека неодамна беше додаден и еден друг интересен сервис во Google Earth.






