Google ги надмина очекувањата на Wall Street

во Свет

{mosimage}И покрај сите очекувања и статистики припремени од аналитичарите на Wall Street во кои се тврдеше дека Google нема да оствари голем профит во првата четвртина од 2008, Google денеска ги објави своите финансиски извештаи во кои на големо изненадување на сите, истакна дека во првата четвртина од 2008 година бележи зголемување на профитот од 7 проценти споредено со профитот во последната четвртина од 2007 година.

Практично Google за периодот од Јануари до Март се збогатил за околу 1.5 милијарди долари.

Извршниот директор на Google, Ерик Шмидт, истакна дека заработката се должи на стратегијата на компанијата за склучување партнерства како она со Salesforce.com и инвестирање во апликацискиот модел на компанијата кој им допушта на корисниците поголема контрола. Шмидт исто така изјави дека  стратегијата на Google се базира на изнаоѓање на иновативни решенија за решавање на разни проблеми на побрз и полесен начин.
{mosimage}
Зголемување на профитот се должи и на вклучувањето на DoubleClick – најпрофитната интернет маркетинг компанија во светот во интернет маркетинг стратегијата на Google. DoubleClick беше купен од страна на Google пред само неколку месеци.

Интересни се и шпекулациите во последните неколку дена во кои се вели дека Yahoo! по завршување на тестирањето на AdSense рекламите ќе забележи позитивни крајни резултати, по што ќе склучи договор за целосно имплементирање на AdSense во својот пребарувач.

Доколку ова навистина се случи, Google слободно може да почне да си ги трие рацете и да забележи уште поголем профит. Исто така, ако се случи Yahoo! да го користи AdSense, Google практично ќе доминира во интернет маркетингот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk