Излезе 1.0 верзијата за The Planet Crafter

The Planet Crafter е една од омилените survival craft игри во отворен свет. Чедото на Miju Games беше долго време во раниот пристап на Steam.

За време на двогодишниот EA периодот, студиото неуморно работеше на константно и стабилно исфрлување значајни надградби, водени од повратните информации на самите гејмери.

Од таа причина, играта може да се пофали со 96% позитивни рецензии, засновани на мислењето на скоро 26 000 играчи.

Темелна трансформација

На кратко, Planet Crafter е вселенска survival игра за еден до десет играчи. Вашата задача е да го влијаете на екосистемот на планетата за да истата може да биде населена од луѓето.

Стандардно за игри од овој калибар, ќе биде потребно да собирате најразлични ресурси, да градите бази, како и да се грижите за нивото на вашиот кислород, притисокот, или температурата.

Покрај тоа што играта моментно се продава со 30% попуст, ќе можете и бесплатно да проверите содржително демо!

Најновата 1.0 верзија на играта воведува целосно нов онлајн мултиплеер преку кој се охрабрува соработка помеѓу 10 играчи.

Покрај 3 нови биоми и целосно нови суштества кои се креираат преку ДНК манипулацијата, ќе наидете на бројни нови предмети, како и нови механики за кравтање.

Најновата верзија може да се пофали и со надградени анимации и значително проширена музичка подлога.

Planet Crafter е амбициозна игра која крие богати механики за преживување, градење бази, крафтање опрема и алатка, како и импресивно тераформирање на негостопримливи планети.

Ќе можете да менувате биосвери, да користите бројни машини за загревање на планетата и манипулирање на притисокот, па, како што напоменавме, да експериментирате со ДНК и да создавате најразлични животни.

Сево ова станува двојно импресивно кога ќе земете во предвид дека играта е направена од само шест луѓе!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Miju Games
  • Издава: Miju Games
  • Жанр: survival, крафтање, отворен свет
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 10 април 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments