0 коментари 2 мин. читање 13 февруари, 2018

Излегоа првите Ryzen-Vega комбо чипови

AMD претстави чипови кои се комбинација од Ryzen и Vega. Oва е прва ваква комбинација во која се комбинираат Ryzen процесорот и Vega графички процесор.

AMD Ryzen 5 2400G и Ryzen 3 2200G се доволно моќни за на корисниците да им овозможат гејминг перформанси како на конзола, вели Tom’s Hardware.

Ryzen 5 2400G е помоќен од двата процесори и доаѓа со Vega 11. Доаѓа со 4 јадра и 8 треда. Оперира на 3.9GHz  за процесорот и 1.25GHz за графичкиот процесор. Цената е 170 долари, што е сосем прифатливо за перформансите кои ги ветува за корисниците.

Ryzen 3 2200G со Radeon Vega 8 Graphics има четири јадра и четири треда. Процесорот е на 3.7 GHz а графичкиот процесор на 1.1 GHz. Чини само 99 долари.

Двата процесори доаѓаат отклучени за оверклок, и нагодување на перформансите. Корисникот може да управува со работата на сè: од процесорот, до DRAM и нагодувањето на графичктата картичка.

Двата нови процесори се чини доаѓаат во вистинско време. Со оглед на тоа дека поради крипто валутите цената на графичките картички е лудо висока, а и не се достапни, комбо процесорите може да бидат хит. За ова секако е клучно дали перформансите кои ги ветува AMD навистина ќе бидат исполнети.

Производителот ветува дека со Ryzen 5 2400G за 170 долари може да се замени Core i5 од 200 долари и 90 долари GT 1030. Секако, комбо процесорите нема да ги освојуваат „хардкор“ гејмерите, но и повеќе од соодветни се за е-спорт игрите.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top