Новата iOS апликација иЗдиши (iZdishi) е замена за МојВоздух за корисниците на iPhone, iPod Touch и iPad. Креатор на апликацијата е Кирил Кироски, а станува збор за апликација која го покажува квалитетот на воздухот што го дишеме.
Слично како и на МојВоздух информациите се преземени од веб-страницата на Министерство за животна средина и просторно планирање.
Апликацијата овозможува: брз преглед на минималната и максималната измерена вредност за параметрите во реонот; час-по-час преглед за параметарот и можност за споделување. Апликациајта нуди и едноставно споделување на податоците за загадувањето на друштвените мрежи.
Заедно со податоците апликацијата презентира и препораки зa корисниците. Освен ова, апликацијата презентира и некои интересни факти за загадувањето.