Автономните возила на Honda ќе доаѓаат со Google технологија

Honda е во преговори со Alphabet (поранешен Google Inc.) за имплементација на технологија за автономни возила која е развиена од страна на инжинерите на Google Alphabet. Alphabet неодамна од одделот за развој на паметни возила креираше посебна компанија – Waymo.

Токму ова беше една од шпекулациите за можни извори на заработка на Waymo: лиценцирање на решенито на авто-производители. Honda е втора компанија по Fiat-Chrysler која ќе ја користи технологијата на Google. За разлика од Fiat, Honda ќе продолжи да ја развива и сопствената технологија за автономни возила, јави Reuters.

Honda веќе има и сопствени прототипи на автономни возила кои се тестираат во Калифорнија, САД. Сепак изгледа дека гигантот на автомобилската индустрија сака што е можно побрзо да претстави возила на пазарот.

По креирањето на Waymo, веќе има неколку интересни вести, иако компанијата самостојно постои едвај една недела. Последна вест беше претставувањето нa камионетите кои се соработка на Fiat и Google.

Доколку преговорите помеѓу Google и Honda завршат успешно инжинерите на двете компании може да очекуваат подлабока соработка. Honda веќе има тим во Силициумската Долина кој работи на тестирање на технологија за автономни возила.

Можноста за лиценцирање на технологијата, може да помогне Google побрзо да ги врати средствата кои компанијата ги инвестираше во развојот на автономните возила.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk