Филтрирајте го вашиот Facebook од досадните политички постови со Social Fixer

Ако ви е преку глава од македонските политички пресметки на Facebook, тогаш сигурно ќе ви се најде советот на LifeHacker за следната екстензија за прелистувачите. Social Fixer е спас за вашата разумност, односно е екстензија за речиси сите прелистувачи која, освен подобрувања на изгледот на Facebook, ја филтрира содржината која ви ја прикажува друштвената мрежа.

Блокирањето на политичките пораки на Facebook е во два чекора. Во првиот чекор ги блокирате сите постови. Во вториот чекор ги блокирате и сите линкови кој на било кој начин се нашле на вашиот ѕид. И немојте да заборавите ако Американците ова треба да го прават два месеци пред избори, ние мораме да го чуваме разумот од политички пораки речиси постојано.

Откако ќе го предземете SocialFixer ќе забележите дека на вашиот Facebook се појавила нова икона веднаш до вашето име. Ако прв пат ја стартувате Facebook, ќе треба да изберете инсталација, најдобра и наjмалку интрузивна во корисничкиот интерфејс е „Minimal“. Откако  ќе го направите ова спремни сте за блокирање досадни содржини (не само политички, може да филтрирате и одредени корисници). Одберете ја новата икона и потоа кликнете на Social Fixer Options.

Чекор 1: Бришење на досадни/политички постови!

Одберете Filtering, ако не е селектиран вклучете ја Enable Filter опцијата. За филтрирање на постови кои содржат определени зборови, отидете во Matching Text полето и зад ‘/’ внесете ги зборовите кои мислите дека најдобро одговараат на содржини кои не ви се допаѓаат. Со оглед на тоа дека нашите политичари се поинвентивни во имињата кои си ги даваат од нивните американски колеги еве како тоа би можело да изгледа кај нас. На пример:

/ВМРО|СДСМ|комуњари|банда криминална|БЦ|Грујо/i

Очигледно оваа листа е постојано подлежна на промени, па и вие ќе мора да бидете пофлексибилни. Се што треба да направите е секој нов збор да го одделите со ‘|’, а ‘i’ на крајот е покажувач дека текстот не е „case sensitive“, односно не обрнува внимание дали е со мала или голема буква напишан клучниот збор кој го филтрирате. На крајот во полето Action одберете која мерка ќе ја предземете, на пример hide.

Чекор 2: Бришење на досадни линкови!

Во Filtering панелот одберете Add New Filter, иако синтаксата е различна функцијата му е слична како на претходниот, детектирање на текст во линковите. За жал ова работи само за линковите, но не и за сликите.

a[href*=”VMRO|SDSM”]

Се што е потребно е секој нов збор да го одделите со ‘|’. И немојте да заборавите во полето Action повторно да одредите мерка за овие линкови.

Чекор 3: Само што го исчистивте вашиот Facebook ѕид од ѓубре, славете!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] неколку години, во време на парламентарните избори пишувавме зa Social Fixer. Social Fixer е алатка која овозможува да игнорирате дел од […]

Bojana
Bojana
12 years ago

Bravo, mnogu potrebna statija, posebno so izborive shto se blizat.

zorandesign
zorandesign
12 years ago

Bravo. Odlicen post :)