16 коментари 2 мин. читање

#Фактнаденот: Пропагандата на ВМРО стана хит на Twitter

Според ВМРО-ДПМНЕ денес 60 отсто од населението е на интернет, додека во времето на СДСМ само 5 отсто имале пристап до мрежата. Ова ВМРО го објави на својот Twitter профил надевајќи се дека политичката пропаганда ќе биде прифатена како успех во нивното шест годишно владеење. Но, се случи спротивното, твитерџиите започнаа да се подсмеваат на логиката на владеачката партија да се обиде да граба поени на развој на технологијата во светот. Според твитерџиите, ВМРО се најдобрите владетели бидејќи ни во времето на комунистите никој немал интернет.

Жал ни е ВМРО, но, ниту вие, ниту СДСМ не сте заслужни за растот на интернетот во Македонија, развојот зависи од моќта и вредноста на продуктот што е интернет, и побарувачката. Инфраструктурата изградена во времето на двете партии е само неопходна алатка за да се задоволи побарувачката (и оствари профит).

Подолу се неколку од поинтересните твитови на оваа тема означени со хаш-тагови #ВМРО и #СДСМ.

 

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

16 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top