Италија го банираше ChatGPT, што сè треба да знаеме за политиката на приватност на OpenAI

Под паролата “загриженост за приватноста на корисниците”, Италија привремено го банираше ChatGPT. Претходно четботот на OpenAI беше баниран и во Русија, Кина, Египет, Иран и Украина. Според италијанската агенција за заштита на податоци, системот нема соодветна правна основа за собирање лични информации за своите корисници и нивните дејствиа на платформата. Податоците што се внесуваат, всушност се собираат за да помогнат во развивањето на алгоритамот кој генерира одговори за ChatGPT

Како причина за оваа акција беше споменат проблемот со корисничките податоци кои се видливи за време на прекинот на ChatGPT на 20-ти март

Пораката што излегува кога ќе се пристапи ChatGPT од Италија

Дополнително, OpenAI беше обвинет за занемарување на потврда на возраста на корисниците на ChatGPT и не ги имплементира правилно правилата со кои се забранува оние на возраст под 13 години. Италијанските власти тврдат дека овие млади корисници може потенцијално да бидат изложени на „несоодветни одговори“ од четботот поради нивните релативна развојна незрелост. 

До сега, нема достапни информации за спроведувањето на забраната или нејзиното потенцијално влијание врз партнерите на OpenAI, вклучително и Bing Chat на Microsoft, кој ја користи технологијата на ChatGPT. 

Што треба да знаеме за политиката на приватност на ChatGPT? 

Доколку сте загрижени за безбедноста и приватноста на вашите податоци додека го користите ChatGPT- треба да бидете свесни за следниве работи

  • ChatGPT ги зачувува податоците што ги внесувате за да генерирате одговори. 
  • Бидејќи програмата е сè уште во фаза на тестирање, податоците што ги внесувате се користат за обука и подобрување на вештачката интелигенција. 
  • ChatGPT не собира информации за лична идентификација освен ако конкретно не ги внесете доброволно. 
  • ChatGPT и OpenAI имаат политики за приватност кои опишуваат како ќе се заштитат и користат податоците. 

Сепак, OpenAI не ја гарантира безбедноста на вашите податоци. 

Го прашавме ChatGPT-3 за политиката на приватност, па ни го даде следниов одговор: 

Вашата приватност е ваша одговорност 

Платформите за вештачка интелигенција стануваат сè попопуларни, но важно е да се запамети дека разговорите не се приватни. Кога користите такви платформи, се собираат лични информации поврзани со сметката на корисникот, вклучувајќи го неговото име, информации за контакт, акредитиви на сметката, информации за платежна картичка и историја на трансакции. Дополнително, сите лични информации вклучени во внесувањето, поставувањата на датотеки или повратните информации што ги дава корисникот може да се собираат и споделат со услуги од трети страни. 

Важно е да се биде внимателен во врска со информациите што се споделуваат на платформите за вештачка интелигенција. Вработените никогаш не треба да споделуваат сензитивни информации за нивната компанија на такви платформи. Ако корисникот има одредена улога што треба да ја исполни што вклучува чувствителни податоци, тој треба да избегнува да ги копира и залепува на платформи за вештачка интелигенција како ChatGPT. Понатаму, најдобро е да избегнувате споделување на какви било сензитивни лични информации, како што се мобилниот број, адресата, бројот на картичката или какви било „опционални“ информации како средно име или телефонски број. 

Како што новите технологии продолжуваат да влијаат на нашите животи, границите на приватноста стануваат сè понејасни. Па така, секогаш внимавајте на информациите што се споделуваат на платформите со вештачка интелигенција и преземајте соодветни мерки за да ја заштитите вашата приватност. 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Oracle Fusion HCM Training

Thank you for writing such an informative post and interesting article. <a href=”https://unogeeks.com/oracle-fusion-hcm-online-training”> Oracle Fusion HCM Training </a>