Школата за отворени податоци – Македонија ги повикува сите заинтересирани на вториот Open Data Meetup #2 во Скопје, кој ќе се одржи овој петок, 13-ти март, во кафе бар Цреша. Поканети се сите кои ги интересираат отворените податоци, сакаат да споделат искуство или приказна или да дознаат нечија друга.
На собирот ќе ни се придружи и Костадин Мишев кој ќе го сподели своето искуство од развивање на веб и мобилни апликации кои се базираат на отворени податоци. Тој е дел од регионалниот центар за социјални иновации на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, како и од тимот од ФИНКИ кој работи со отворени податоци.
Open Data Meetup Skopje e организиран од Фондацијата Метаморфозис, и поддржан од Open Knowledge Foundation Network и School of Data.