Anonymous нападна австралиски сајтови поради нов закон за чување кориснички податоци

Австралија е новата цел на хактивистите Anonymous. Цел на нападот е австралискиот интернет провајдер AAPT поради предлог-законот кој ги обврзува телекомуникациските компании да ги чуваат податоците на корисниците во период од две години. Пробивањето е потврдено и од директорот на AAPT, Дејвид Јул.

Аnonymous тврди дека има 40 GB кориснички податоци. Напаѓачите за SCMagazine вели дека немаат лоша намера, и дека податоците нема да бидат објавени. Според нив, целта на нападот е да ги покаже недостатоците на предложениот закон и неспособноста на провајдерите да ги чуваат податоците. Ќе биде објавен само дел од податоците со цел да се докаже автентичноста на тврдењето.

Овој инцидент повторно го отвара прашањето – дали е дозволено да се посега по секакви, дури и нелегални мерки, во името на (х)активизмот за да се застане во заштита од поголемо зло? Можеби кога се во прашање основните човекови права како слободата на говор, правото на приватност, слободен пристап до информации и интернет, треба и мора да се користат сите средства во нивна одбрана. Во останатите случаи (х)активизмот може да се злоупотреби.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk