2 коментари 2 мин. читање 8 април, 2015

ИТ настан: Спремете ги коцките, одиме на Меѓународен ден на друштвените игри

На 11 април се одржува интернационалниот ден на друштвени игри, кој годинава повторно ќе биде одбележан и во Скопје, во организација на Гоблин друштвени игри и Boardgames.mk.

Игрите на табла можеби не се толку атрактивни како видеоигрите, но во Македонија има доста ангажирана заедница. Има македонски креатори на игри на карта, и илустратори кои цртаат навистина интересни шпилови. „Радува и се поголемиот интерес за игри на табла, а посетителите сега знаат која игра ја бараат, за разлика од порано кога бараа совети од нас“, велат од Гоблин.

Интернационалниот ден на друштвени игри ќе се одбележи во продавницата Гоблин, а годинава посетителите ќе имаат можност да изиграат/тестираат игри од македонски креатори. Поканети се сите, посетителите можат да дојдат со својата омилена игра или можат да се приклучат на некоја од масите. Сабота 11 април, со почеток од 15:30 до 20:00 – Гоблин друштвени игри во ТЦ Буњаковец, се гледаме таму.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Владо
Владо
11 years ago

Супер за афирмирањето на друштвените игри Но, редно е да се качи нивото на оваа манифестација на едно скалило и да се земе барем поголема просторија за да може да се зберат сите сегашни, идни и бивши љубители на овој жанр.

Мени
Заедница
Изглед
To top