0 коментари 2 мин. читање 4 декември, 2015

ИТ настан: Слободата и приватност на Интернет е тема на е-Општество 2015

„Слобода и приватност на Интернет“ е темата на единаесеттата меѓународна конференција е-Општество.мк, која е закажана за 10 декември во Holiday Inn, Скопје.

Дел од темите кои ќе бидат опфатени оваа година на конференцијата се човековите права како основа на современото општество; приватност на Интернет; слобода на изразување; најдобрите практики во едукацијата за човекови права; алатки за подобрување на безбедноста онлајн; новинарски стандарди и човекови права; и борба против говорот на омраза.

Посетителите ќе имаат можност да ги слушаат говорите на амбасадорка на Франција во Македонија, Лоранс Оер; Џилијан Јорк од Electronic Frontier Foundation; Катрин-Амели Шасан, генерален секретар на Меѓународниот институт за човекови права и мир; Тихомир Лоза од Мрежа за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа; Борјана Џамбазова oд Асоцијација на европски новинари – Бугарија и повеќе други релевантни гости.

Настанот е во организација на Фондацијата Метаморфозис а заинтересираните можат да се регистрираат за учество до 8 декември. Конференцијата се спроведува во рамки на проектот „Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија“, а во соработка со Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен и претставува продолжување на долгогодишната соработка на Метаморфозис и регионот Долна Нормандија во областа на човековите права.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top