ИТ настан: Пријави се на Start програмата на SuperFounders Skopje

0 коментари 2 мин. читање

Во среда ќе се оддржи нов Startup Meetup на SuperFounders Skopje, на кој ќе се дискутира за „Патот до комерцијален успех на стартап во Македонија?“. Настанот е неформален собир на локални стартап ентузијасти и професионалци кои имаат искуство со формирање на нови компании. Покрај стартап дискусијата, на настанот ќе се презентира првата македонска акселераторска програма Start која има краен рок за пријавување до 20-ти октомври. Ќе бидат обелоденети нови информации за програмата, календар на програмата, како и сесиите и темите кои ќе се обработуваат.

„Во однос на Старт, има две важни работи. Првата е дека веќе се пријавија неколку исклучително квалитни компании/тимови, составени од професионалци. Тоа ќе овозможи силен почеток на програмата, и поголема корист на самите компании кои се во неа. Имињата на компаниите ќе ги објавиме кога ќе истече рокот за пријавување и ќе почне селекцијата.“, вели Александар Тасев, основач на SuperFounders.

Наместо да има презентација од еден човек на тема, ќе има дискусија и споделување на лични искуства, на тема „Koj е патот до комерцијален успех на стартап од Македонија?“. „Таквите компании се малку, но количината на знаење и искуство се зголемува и важно е да го споделуваме.“, вели Александар. Поканети се сите заинтересирани, и тие кои сакаат да слушаат, да запознаат нови луѓе и тие кои сакаат да си го претстават стартапот и да споделат искуство.

 

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед