2 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Пријавете го вашиот сајт за Веб наградите 2011-та

Учејќи од грешките Media Solutions ги организираат вторите по ред Веб награди 2011 за најдобар .мк сајт на годината, најиновативен сајт, најдобар бизнис/корпоративен сајт, најдобар информативен сајт, најдобар сајт за е-трговија, најдобар блог и најдобар форум.

За разлика од минатогодишното фиаско, сега е оставено на корисниците и сопствениците да си номинираат сајт во седумте категории. Секој посетител може да пријави максимум 3 веб сајтови.

Покрај номинирањето, втора новина е што сега во гласањето ќе учествува и публиката. Соодносот на финалните гласови е 60 отсто од жирито, и 40 отсто до публиката. Во моментов на сајтот нема кој ќе биде дел од жирито, туку само критериумите, но од Media Solutions велат дека се испратени поканите, и наскоро ќе бидат откриени и имињата на стручното жири.

  • Гласањето ќе започне на 21.11 и ќе трае до 15.12.2011. Секој корисник може да подели по 3 гласа во секоја категорија, односно 2, 6 или 10 поени.
  • Победниците ќе бидат објавени на 20.12.2011-та и ќе добијат симболично признание за развојот на веб медиумите.

Веб награди 2011-та се организираат под покровителство на претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, и Словачката амбасада.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top