0 коментари 2 мин. читање 10 ноември, 2012

ИТ настан: Предавање за слободен софтвер и хактивизам на ФИНКИ

Слободен Софтвер Македонија во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) до крајот на зимскиот семестар ќе одржат неколку предавања за слободен софтвер, слободна култура и хактивизам.

Првото предавање ќе се одржи на 13-ти ноември (вторник) од 18 до 20 часот во просторијата 115 на ФИНКИ. Тема на предавањето ќе биде „Слободен софтвер – технички и социо економски аспекти“, а ќе биде презентирано од страна на Новица Наков и Дамјан Георгиевски. Исто така, како дел од предавањето ќе биде и работата на хаклабот КИКА, што се случува таму и како студентите може да се вклучат во активностите.

Сите студенти што се заинтересирани да присуствуваат на овие средби, пожелно е да се пријават овде, додека целата план програма (истата може да претрпи промени во зависност од барањата на студентите) можете да ја погледнете на http://wiki.spodeli.org/ПредавањаФИНКИ.

Слободен Софтвер Македонија е непрофитна организација која се занимава со слободен софтвер и слободна култура во Македонија. Организацијата е посветена на промовирање на слободниот софтвер и создавање на свест како за економскиот, така и за социо-етичкиот контекст на слободниот софтвер.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top