0 коментари 1 мин. читање 22 јануари, 2015

ИТ настан: На Инди Пиво #5 ќе се продолжи со дружењето од Game Jam

Македонската гејминг заедница овој викенд ќе се собере на Global Game Jam во Битола и Скопје, каде ќе се креираат игри во хакатон од 48 часа. Но, веќе за следната недела, во четврток на 29-ти јануари, е закажан петтиот Инди Пиво настан, на кој ќе се продолжи со дружењето.

Тема ќе биде токму споделување на искуството од годинешниот Global Game Jam и креираните игри. Организирањето на Инди Пиво настанот започна пред нешто повеќе од половина година, со цел да поттикне соработка помеѓу гејминг ентузијастите. Во Македонија иако има доста фанови на игри, сепак нема конкретна заедница на креатори на игри, и Инди Пиво и Game Jam се наменети да го решат овој проблем. Организатор на настанот се Mартин Пупков и Кристијан Трајковски од студиото Dark One и од Македонската асоцијација за развој на игри (МАГДА), која стои зад Game Jam.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top