ИТ настан: На нов Startup Meetup во среда ќе се дискутира за паметна мобилна економија

Нова среда, нов Startup Meetuп организиран од Superfounders Skopje на кој се поканети сите стартап ентузијасти кои сакаат да научат нешто повеќе околу бизнисот зад овие нови компании. Средбата е дел од Start програмата на која се примени нови шест стартапи, кои се под менторство на искусните Superfounders ментори. Овојпат, на 11-ти јуни со почеток во 20 часот, ќе се дискутира за паметната мобилна економиија и како да се искористи пазарот кој забележува неверојатен раст.

„Темата е навистина посебна и жешка за овој период, кога мобилниот пазар вртоглаво расте, а експертите предвидуваат дека мобилната трговија ќе го донесе следниот стартап од 100 милијарди долари“, вели Александар Тасев, основачот на Superfounders Skopje.

За гостува Никола Георгиев, директорот на платформата за дистрибуција на дигитални содржини и апликации на Аndroid, Еферио т.е. Socio Mall, кој ќе зборува приоди кон монетизација на растечкиот мобилен пазар и како од апликација да направите вистински вреден стартап.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments