На 29-ти мaj од 18:00 часот, во MKЦ Клуб ресторанот во Скопје ќе се одржи петтиот InTech meetup организиран од страна на InPlayer.
InPlayer ве повикува на уште едно, петто по ред, InTech дружење на 29-ти мaj од 18:00 часот, во MKЦ Клуб ресторанот во Скопје.
Темата на овој InTech meetup е 20 годишнината од Open Source Software што навистина претставува пресвртна точка во ИТ индустријата на глобално ниво. На оваа тема на сцената ќе се појават да зборуваат:
- Sarah Novotny – Head of Open Source Strategy на GCP, Google
- Jan Wildeboer – EMEA Evangelist, Red Hat
- Visar Zejnullahu – Software Development Engineer, Free Software Macedonia
Фокусот ќе биде на теми како изворедниот успех на Open Source движењето од неговото појавување во 1998 до денес, можностите и инспирацијата кои ги нуди, како и успешни приказни од компании кои инвестираат за да се популаризира неговото влијание. Говорниците ќе ги споделат своите професионални искуства, знаења и предизвици од секојдневнието во оваа индустрија на иновативност и лидерство.
Местата за настанот се ограничени, затоа пријавете се тука.