ИТ настан: Има уште време да се пријавите за Startup Weekend Skopje

во ИТ.МК, Совети

Од 19-21 септември ќе се одржи овогодишното издание на Startup Weekend Skopje. На тридневниот настан, кој ќе се одржи во просториите на New Man`s Business Accelerator, учесниците ќе имаат можност да ги претстават своите иновативни идеи, да креираат тим и да добијат интересни награди, меѓу кои и шанса за финансирање од страна на најдобрите бизнис акселератори во Македонија и странство. Ако сте заинтересирани, може да се пријавите тука.

Тимовите ќе бидат обучувани од страна на искусни претприемачи, маркетинг експерти, стартап ветерани и бизнис специјалисти, кои ќе им помогнат како најдовро да ги претстават своите идеи пред потенцијалните инвеститори и клиенти, но и како од една обична идеја да направат успешен бизнис.

Тие ќе можат да ја претстават својата идеја пред експерти од сферата на преприемништвото, ќе креираат тим од специјалисти кои можат да помогнат идејата да прерасне во успешен бизнис, ќе научат како да го презентираат проектот, но и како да најдат финансии за развивање на стартапот.

На Startup Weekend Skopje компаниите пак ќе можат да ги слушнат најдобрите старт-ап тимови, нивните идеи и иновации, но и да пронајдат стартап кој може да го имплементира новото иновативно решение во компанијата.

Статистиката покажува дека високи 42,8% од претпријатијата во Македонија имаат воведено одредени иновации во својата работа во периодот од 2010 до 2012 година. Притоа речиси 25% од претпријатијата имаат воведено иновација на производ и процес, околу 46 % имаат воведено организациски и маркетинг иновации, додека 18% истовремено имаат воведено производ, процес, организациски и маркетинг иновации.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk