0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Hitlancer ги поканува македонските фриленсери на дружење

Тимот зад македонската платформа за фриленсери, Hitlancer, организира настан на 30 септември на кој ќе можат да се запознат сите заинтересирани во фриленсинг и користење на сервисот. Настанот најверојатно е презентација на тоа што го нуди Hitlancer, но во секој случај може да биде интересно место за споделување фриленс искуство. Hitlancer е македонска платформа која сака да ги поврзе фриленсерите и сите кои имаат потреба од нив. Сервисот е креиран во стартап академијата Summer Work and Travel Alumini – Македонија, со поддршка од Американската Амбасада во Скопје и US State Department.

Средбата ќе се одржи во Нола Бар, Скопје, од 19:00, а покрај можноста а запознавање, тимот на Hitlancer ќе сподели и податоци од своето истражување за фриленсери. Посетителите ќе погледнат и документарен филм за фриленсерите во неколку држави, и ќе има промоција на лексиконот The WOW Effect of Freelance. „Ние веруваме дека фриленсерство е сè, освен работа. Стил на живеење, потрага по среќа, слобода на избор… Дојдете заедно да ја довршиме реченицата!“, велат од Hitlancer.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top