0 коментари 1 мин. читање

Проектот поддржан од Бил Гејтс претвара CO2 гасови во гориво

Проектот поддржан од Бил Гејтс кој може да го искористи jаглерод-диоксид (СО2) од воздухот и да го рециклира во гориво наскоро би можел да стане реалност. Она што го прави проектот исклучително интересен ие што истовремно ќе го прочистува воздухот, односно намалува загадувањето, но и ќе креира гориво. „Јаглерод диоксид е главна причина за климатските промени и глобалното затоплување. До сега одржлив развој беше единствено во теоретска фаза, но тимот на Carbon Engineering разви технологја која ќе го намали присуството на СО2 во воздухот и ќе го рециклира моментално,“ јави FossBytes.

Carbon Engineering е компанија која е спонзорирана од Бил Гејтс, а се чини дека се подготвени да го презентираат незамисливото, нивниот прототип може секојдневно да преработи 100 килограми јаглерод диоксид од воздухот во карбонати. Постројка со големина на прототипот секоја година може да ги анулира загадувањето кое го предизвикуваат 300.000 автомобили. Исчистениот СО2 од воздухот, може да се комбинира со водорот и да се креираат јаглеводородни горива, како бензин или авионско гориво.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top