ИТ Настан: Европска недела на претприемаштвото и во Македонија

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

Ова недела Европа одбележува „Европската недела на мали и средни компании“ (European SME week).  Досега се одржани 35 000 настани во над 170 држави, а во Македонија се одбележува по 11 пат. Насловот на конференцијата овој пат е „Digital for Entrepreneurship“ и секако во фокус се предизвиците и можностите кои доаѓаат со дигитализацијата.

„Европската недела на мали и средни претпријатија“ има за цел да го промовира претприемништвото и да им помогне на претприемачите да пронајдат податоци за достапната поддршка, но и да охрабри повеќе луѓе да станат претприемачи.

Настанот во Македонија е фокусиран на неколку теми, со цел олеснување на мисијата и предизвикот со кој претприемачите се соочуваат во денешно време, како и можностите и предизвиците кои што дигитализацијата им ги нуди на малите и средни претпријатија.

Присутните на оваа конференција на трите различни панели ќе имаат можност да слушнат повеќе од претставници на Фондот за иновации и технолошки развој, Insider ID, Таргет Груп, Масит, Стартап Македонија, Piksel, Creative Hub, Image PR, P3 Инфомедиа, Paket.mk, Signori, DHL Express, Асоцијација за е-трговија на Македонија и Шпаркасе банка.

Конференцијата ќе се одржи на 22 ноември во City Hall – Скопје со почеток од 10 часот. Присуството на настанот е бесплатно, но поради ограничениот број на места, потребно е да се регистрирате за настанот.

„European Day of the Entrepreneur“, е во организација на European Business Association, Град Скопје и Piksel. Повеќе податоци за настанот и листа на говорници на веб-страницата посветена на овој настан.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments