0 коментари 2 мин. читање 24 април, 2014

ИТ настан: ЕУ бара стартапи, пријавете го вашиот на Tech All Star

Сите европски стартапи се поканети да се пријават и да се претстават на лондоншкиот Tech All Star, каде ќе се презентираат пред големите инвеститори како сопственикот на Virgin, Ричард Брансон, поранешниот директор на Youtube, Чед Хурли, и Јанус Фрис, кој е ко-основач на Skype и Kazaa, соопшти Европската Комисија. Единствен предуслов за учество е компанијата да е „понова“ од три години и да не собрале над милион евра од надворешно финансирање. Апликациите се отворени до 22 мај.

Дванаесет финалисти ќе го посетат Лондон од 10 до 11 јуни каде ќе бидат запознаени со лондонската стартап сцена. Овие дванаесет стартапи ќе се натпреваруваат за првите три места, кој носат можност за претставување пред технолошките лидери и инвеститори. Победникот ќе биде прогласен на 12 јуни, а ќе има можност да се претстави како панелист на собранието на Digital Agenda. StartupEurope е дел од планот на Европската Комисија која треба да го зголеми интересот за претприемaштвото во веб и информациска и комуникациска технологија. Комисијата верува дека овој сектор во иднина ќе допринесе за иновација, развој и нови вработувања. Сепак главната идеја е европските технолошки стартапи да останат во Европа, а не како што досега е случај, да се селат во Силициумската долина.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top