Апликациите во Google Play ќе се тестираат во делови

0 коментари 1 мин. читање

Google планира да воведе нов начин за промовирање на апликацијата, а со тоа и да се обиде да ја зголеми популарноста на апликациите на Google Play. Наместо како досега да овозможува пробен период, наскоро корисниците ќе можат да користат само дел од апликацијата, јавува Information. Според нивните извори Google дури работи на начин со кој ќе им дозволи на корисниците сами да со изберат кој дел од апликацијата ќе им биде отклучен.

Останува да видиме дали ова ќе биде доволно за Google Play колку да им се приближи на App Store според заработката. Иако Android е најкористен оперативен систем на паметните телефони, сепак кога станува збор за заработка App Store сè уште е на врвот, а на моменти изгледа дека Google Play не може да го пронајде своето место, барем кога продажбата е во прашање.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top