ИТ настан: Дали имаш тоа што е потребно за да направиш сопствена игра?

EESTEC Academy стартува бесплатни курсеви за студенти за развивање на видеоигри. Курсевите, закажани од 23-ти до 27-ми април, ќе бидат интерактивни и ќе се бара да се направи мини игри со Unity енџинот. Со Unity се креирани некои навистина популарни игри како Pillars of Eternity, фантастичната Ori and the Blind Forest, Cities: Skylines, Temple Run и други…

Предавачите кои ќе го водат курсот за Unity, се Кристијан Трајковски, Симон Стојановски и Мартин Пупков. Тројцата се дел од Dark-1, студио за независни игри, и победници на хакатонот на Nordeus и на два Global Game Jam што се одржаа во Скопје. На предавањата ќе се зборува за аспектите на Unity, кој е еден од најпопуларните енџини за игри, како да се разбере физиката на енџинот и да се испрограмира игра.

Бидејќи местата се ограничени, велат од EESTEC Academy Апликацијата ќе треба да се пополни најдоцна до 20-ти април, до полноќ.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk