ИТ настан: Android ден во организација на EESTEC

0 коментари 1 мин. читање

Вечерва со почеток во 20:00 часот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) ќе се одржи Android ден во организација на EESTEC. Настанот е наменет за сите ентузијасти и корисници на мобилната платформа на Google да се запознаат со процесот на креирање на апликации, но и да дознаат повеќе за интернационален натпревар во покровителство на Google.

Настанот кој ќе биде отворен со предавање од Иван Димовски, креаторот на TweetsPie, кој ќе зборува за процесот како од идеја да се креира апликација, е наменет да го најави интернационалниот Android натпревар, на кој учесниците на натпреварот ќе треба да креираат Android апликација во соодветен програмски јазик. Пријавувањето на идејата е до 10-ти јануари 2014-та година, а крајниот рок за пријавување на креирана апликација е 16-ти март. Повеќе детали ќе најдете на официјалниот сајт.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед