Томислав Бронзин, основач на Citus и МVP на Microsoft, ќе оддржи интерактивно предавање на тема иновации и како да се зголеми продуктивноста со Office 365 пакетот. Предавањето, закажано за четврток 19-ти февруари, нема да се фокусира само на Microsoft продуктите, туку ќе се зборува како да се искористат придобивките на Office 365 облакот и на iOS и Android платформите, ветува организаторот Clear View BTC.
Г. Бронзин е Microsoft Most Valuable Professional и основач на Citus, компанија која е партнер на Microsoft за консултации во дизајн и развој на платформите на Microsofot. Специјалност му е облакот и мобилната технологија, и се фокусира на Office 365 како платформа со која Microsoft сака да го префрли својот популарен софтвер на облакот. Со неговиот тим има освоено над 40 златни медали за иновации во областа на ИТ во повеќе од 6 земји, и е добитник на национални признанија за иновации во Хрватска.
Предавањето е дел од акцијата #ЗаМлади на Clear View и Semos Едукација, и е бесплатно. Но, ќе треба да си резервирате место за во outh East European University во Скопје.