HTTP ја доживеа својата најголема промена до сега; претставен е HTTP/2

во Веб

Новата верзија на Hypertext Transfer Protocol, HTTP/2 е финализирана и по добивањето на RFC броевите и финални уредувања ќе биде објавена, јави Марк Нотингем, заседавач со IETF работната група, на својот блог. Верзијата на HTTP која моментално е во употреба HTTP/1.1 e воведена во 1999 година, односно пред 16 години. HTTP/2 е базиран на Google SPDY протоколот и треба да донесе побрзо вчитување на веб-страните, подолготрајна конекција, а серверите ќе можат да одговараат на сајтови со повеќе содржини. Имплемантицијата на HTTP/2 ќе доведе до можност и за други новитети, како и за имплементација на Server Push, осносно предвремено испраќање на податоци за кои серверот „смета“ дека ќе бидат потребни при конекцијата, јави The Next Web.

HTTP/2 за разлика од HTTP/1 е бинарен наместо текстуален, бидејќи бинарните протоколи се поефиксни за парсирање, покомпактни и многу поотпорни на грешки. Покрај ова HTTP/2 e потполно мултиплексиран што овозможува паралелизам при една конекција, овозможува компресија на Header што пак овозможува намалување на оптоварувањето на вебсајтовите. Новиот протокол е компатибилен со прeтходникот, па не се очекуваат проблеми при имплементацијата, а корисниците по неговата имплементација нема да забележат никаква промена освен побрзото вчитување на страните. Тест верзија на HTTP/2 е веќе достапна за Firefox и Chrome. Повеќе податоци за HTTP/2 се достапни на Github.

[youtube]vEYKRhETy4A[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments