0 коментари 2 мин. читање 20 јануари, 2010

ИТ.мк: Видео средба меѓу училиште од Велес и Нормaндија

{mosimage} Интересен ден полн со интересни вести за млади генијалци. Оваа вест е за видео средба меѓу две училишта. На 15 јануари 2010 година сe реализирана првата видео средба меѓу учениците од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Велес и ОУ „Ст. Јован“ Ливеро, Долна Нормандија – Франција, пренесува Фондацијата за локален развој и демократија.

На оваа видео средба, учесниците разменија информации за градовите каде живеат, кои се нивните хобија, омилена храна, песна, игра и сл. Посебен интерес и воодушевување покажаа учениците од Ливеро кои со различните прашања дознаа за Македонија и Велес како нови средини каде исто така живеат деца од нивни возрасти.

Интересен момент беше воодушевувањето на изведбата на песни за деца на англиски јазик од двете групи. Учесниците од двете групи си разменија контакти и секако договорија и следни средби користејќи ја ИКТ технологијата.

Оваа средба е органзирана на самиот почеток на имплементација на програма за поддршката на децентразлаицијата во Македонија од регинот Долна Нормандија – Франција.
Видео сребата ја организираа Фондацијата ФОКУС од Велес и Јавниот дигитален клуб од Ливеро.

{mosimage}

{mosimage}



Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top