0 коментари 2 мин. читање 25 декември, 2009

ИТ.МК: Се очекува ИТ напредок на општините во 2010

{mosimage} Изминатите три-четири години Македонија има постигнато напредок, но очекуваме 2010 и 2011 година да бидат години во кои Македонија драстично ќе има пораст во примената на информатичките и комуникациските технологии (ИКТ), рече ИТ министерот Ивановски на првата Конференција за развој на информатичката технологија во локалните самоуправи во организација на ЗЕЛС.

Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС)
ја стартуваше конференцијата со цел да се промовира информатичката технологија како „алатка за обезбедувањето на суштинска децентрализација, која бара брза размена на информации и поголема вклученост на електронските услуги за граѓаните, се со цел обезбедување на развој на ефикасно и ефективно работење на општините.“

На конференцијата се спомена дека општините постигнале напредок во воведување електронски услуги за граѓаните, но реалноста е дека сето тоа е на основното ниво.

Затоа да се подобри користењето, и пред се прифаќањето на ИКТ, ЗЕЛС објави „Прирачник за изработка на локални ИТК стратегии“ кој е наведена актуелната ситуација на општините, како и стратегија и идеи за како да се напредува понатаму.

Прирачник за изработка на локални стратегии од областа на информатичката и на комуникациската технологија



Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top
{title}