ИТ.МК: Компјутерска oбука, работилници и роботи

во ИТ.МК

{mosimage}ФOН и Природно математичкиот факултет ќе ги обучуваат професорите во ИТ, пренесува А1. Конечно се реши и тој проблем, по една година откако школите добија компјутери. Во таа години имаше доста контроверзии и обвинувања, кој крадел компјутери, кој е крив за тоа, дека професорите не се обучени…

Професорите или во овој случај 1.000 обучувачи ќе ги обучуваат професорите за Edubuntu оперативниот систем за да можат да предаваат, а дополнително ФОН и ПМФ, кои го добија овој проект на тендер, ќе направат и учебник за наставни програми. Ова е позитивна одлука пред се бидејќи многу од професорите како и учениците користат Windows во Македонија, што е различен од Edubuntu. Причина за ова е што Linux e бесплатен, Edubuntu e верзија на овој оперативен систем полн со едукативен софтвер, додека Windows е скап – нормално неможе во школите да се постави пиратиран Windows, нели? Иако е „популарен“ во Македонија :)

„Една екипа од факултетот за ИКТ, подолго време работеше на конципирање на материјали за учење, имаме направено сериозен учебник од преку 400 страни, текст за тие софтвери коишто не се секојдневни, и во нашето општество се уште не се прифатени“, изјави Симе Арсеновски, ректор на ФОН.

{mosimage}

Обуката ќе започне во март, а ќе трае се до мај. Ќе бидат обучени 6.300 професори од сите средни училишта во Македонија.

Работилница: Проекти е-влада во Македонија
“Целта на работилницава е запознавање на информатичкиот и експертскиот кадар во одредени области од институциите на државната администрација со тековното искуство на Р. Македонија во градењето на е-влада и искуството и препораките на Р. Словенија, како една од најуспешните земји во развојот на информатичкото општество”, рече Мирјана Секуловска, заменик министерот за информатичко општество, која потоа ги претстави проектите за развој на ИТ во Македонија. Повеќе тука.

RoboMac – натпревар по роботика
Од 22 Февруари до 1 Март 2009 година, на Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот Факултет во Скопје, ќе се одржи натпреварот по роботика, RoboMAC.

Настанот е во организација на IEEE Student Branch Macedonia и BESTSkopje, кои ќе им овозможат на 50 студенти и 15 средношколци од Македонија и 30 странски студенти да се пријават на 5 дневната обука и работилница со професори од факултетот и странство (23-27 Февруари 2009), и натпреварувањето (28 Февруари 2009). За тие студенти ќе бидат обезбедени материјали за роботите.

{mosimage}

Категориите
на натпревари помеѓу роботите се следните: мини-сумо, лавиринт, групна интелигенција и хуманoид. За победниците на натпреварите следуваат вредни награди. Овој настан е поддржан од: IEEE Foundation, Microsoft Macedonia, Seavus, USAID.

Оние студенти кои нема да се помеѓу 50-те одбрани студенти, а имаат свој робот, можат да се пријават само на натпреварувањето на 28 Февруари 2009.

Ние ќе бидеме на настанот и се надеваме ќе видиме некој луд робот за да пишеме вест во понеделник.

BTW: Доколку сакате да знаете повеќе за ИТ настаните во Македонија и светот, посетете го нашиот Календар на настани



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments