ИТ.МК: Двa интересни онлајн шопинг сервиси

во ИТ.МК

{mosimage} Наидов на двa интересни онлајн сервиси, на веб продавници, односно веб аукција. Првиот што го разгледав е сервисот на „Скопски пазар“ што овозможува купување производи онлајн и нивна доставка до вашиот дом.

За разлика од другите онлајн продавници, doma.com.mk работи со прехранбени производи, што значи мора да има брза испорака. Не би купиле леб за да го добиете утредента, нели? Моментално doma.com.mk работи само со нарачки поголеми од 500 денари + 100 денари за доставата дома. Што се однесува до плаќањето, може да се плати онлајн со кредитни картички или кога ќе се изврши нарачката.

{mosimage}

За 1 денар

„За 1 денар“
е малку поинаков концепт на онлајн сервис. Се работи за онлајн аукции на одредени производи. Но za1denar не е обична аукција во која победникот е тој што нададе најголема вредност, туку тој што е последен во надавањето. Секој корисник надава 0.5 денари на вредноста на производот. Тој што е последниот надавач го добива производот, а ја плаќа достигнатата цена.

Повеќе информации за сервисот тука.

{mosimage}

И двата сервиси се во почетната фаза, односно тест фаза, но се интересни идеи. Ако на нив ги додадеме и останатите онлајн продавници и сервиси во македонскиот ИТ простор, може да се надеваме дека онлајн шопингот нема да остане „чудо“, туку ќе стане сериозен бизнис за македонските компании, а олеснување за нас – потрошувачите.

(*доколку знаете уште интересни .мк сервис, за шопинг, банкарство, плаќање и други услуги слободно пишете ни подолу во коментарите)



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments