Dropbox е генијален сервис за складирање на фајлови од еден компјутер и нивно споделување и пристапување од друг компјутер, дури и мобилен телефон, без да се замарате со USB, закачување на интернет… и други начини на пренесување фајлови од еден до друг компјутер.
DropBox ќе отвори посебен фолдер на вашиот компјутер. Потоа преку веб сервисот имате пристап до сите фајлови кои сте ги складирале во Dropbox фолдерот на вашиот компјутер. Сервисот работи бргу, само што ставив фајлови тие веднаш се најдоа на веб и во Dropbox фолдерот на другиот компјутер. Исто така сервисот работи и офлајн, а се синхронизира кога ќе има интернет конекција.
Можете да обезбедите и линк до јавен линк до фајлот кој сакате да го соделите. За без пари имате 2ГБ место за складирање. За повеќе се плаќа.
[youtube]OFb0NaeRmdg[/youtube]