ИТ Кариера профил е серијал преку кој ќе ја претставиме ИТ заедницата, начинот на работење, функционирање и динамиката на луѓето во ИТ секторот.
1. Што работиш моментално и кои се твоите одговорности?
Моментално работам како iOS програмер во GSIX и сум одговорен за развивање и одржување на неколку iOS апликации кои се наменети и за македонски и за американски пазар. Истовремено, работам и на iOS платформата на неколку сопствени продукти кои ги развиваме во GSIX.
2. Прати ни фотографија од твојата работна средина (без средување 😃)
3. Од каде научи да програмираш – факс, курсеви, или учење на своја рака?
Со основите за програмирање се стекнав на факултет, за подоцна преку најразлични курсеви и пракси се насочив и се усовршив во програмирање за iOS мобилната платформа. Најмногу научив преку практична работа на проекти со различни функционалности, меѓутоа многу е важно знаењето да се надоградува секојдневно, со цел да се биде во тек со напредокот на технологијата која рапидно се менува.
4. Кои се 5-те сајтови кои највеќе ги посетуваш?
4.1 JIRA – за менаџирање на проектите на кои работам, најчесто отварана платформа!
4.2 The Verge – за да бидам во тек со новостите и да слушнам добар podcast
4.3 Stack Overflow – за помош при решавање на некој „софтверски” проблем
4.4 Time.mk – за up-to-date новости од сите сфери
4.5 TechCrunch – за најнови вести од светот на технологијата
5. Кој е твојот омилен technology stack?
Дефинитивно – xCode
6. Омилена алатка/софтвер?
xCode – основна и единствена околина за развивање на апликации наменети за сите платформи на Apple (macOS, iOS, tvOS, watchOS), Sublime Text – класичен „text editor” и Sketch – моќна алатка за дизајн.
7. Напиши ни неколку мудри зборови како совет за оние кои сакаат да започнат со програмирање…
Сите што сакаат да научат да програмираат, треба да бидат свесни дека постојано ќе треба да учат и да се надградуваат себеси и тоа е еден континуиран процес поради динамичноста на денешната техонологија. Според мене и моето искуство, најважна е основата во програмирањето, тоа значи дека со добри познавања од програмските јазици C, C++ и Java и со солидно познавање од алгоритми, би можело многу полесно да се научи било кој друг програмски јазик. Секако, најдобро се учи со практична работа така што погрижете се за вашето искуство и бидете отворени за пракси во IT фирми кои ќе ви овозможат работа на реални проекти и тим од кој што ќе имате многу да научите.
8. Напиши ни неколку мудри зборови како совет за твоите колеги во индустријата…
Ова ќе биде конкретен совет за сите девелопери од мојата бранша – iOS development. Apple e на врвот од најмоќни компании на светот, постојан иноватор чиј број на корисници е масивен на светско ниво. Неодамна, Apple го воведе програмскиот јазик Swift, кој иако е релативно нов програмски јазик, прераснува во еден од помоќните јазици во денешицата. Побарувачката за програмери кои имаат познавање од овој јазик е поголема од фактичкиот број на програмери достапни за работа на iOS проекти кои имаат познавање од истиот. За да се биде во тек со најновите иновации, треба да се експериментира и да се пробуваат сите најнови функционалности кои ги воведува Apple.
9. Доврши ја реченицата: Иднината на програмирањето е во алатките за програмирање кои стануваат се понапредни и понапредни и набрзо ќе дојдат до степен каде што ќе може се прават целосни апликации со избирање на функционалности и дизајни од веќе понудени опции (drag and drop). Алатките за програмирање ќе напредуваат до тој степен каде што за да се прават апликации, луѓето нема да имаат потреба од програмерско искуство и знаење.