ИТ Кариера профил е серијал преку кој ќе ја претставиме ИТ заедницата, начинот на работење, функционирање и динамиката на луѓето во ИТ секторот.
1. Што работиш моментално и кои се твоите одговорности?
Проектите на кои имам работено се агрегаторите за ТВ емисии, јавни набавки, фејсбук настани и статуси, како и сајтот Populast. Од прибирање и организација на податоците и нивно сервирање до дизајн и поставување на сервер. Некој вид на full stack DevOps.
2. Како изгледа твојата работна средина (без средување :))
3. Од каде научи да програмираш – факс, курсеви, или учење на своја рака?
Почнав со Pascal на секцијата по информатика во основно. Наредните 6-7 години посетив неколку курса, но највеќе ми помогнаа државните натпревари по програмирање каде што стекнав добро познавање на алгоритми и податочни структури. Оттогаш, па наваму е само учење на нови јазици, frameworks и стекнување искуство.
4. Кои се 5-те сајтови кои највеќе ги посетуваш?
4.1 Reddit
4.2 Facebook
4.3 Spotify
4.4 StackOverflow
4.5 Youtube
5. Кој е твојот омилен technology stack?
Python со Django
6. Омилена алатка/софтвер?
Терминалот, заедно со Sublime или Vim.
7. Напиши ни неколку мудри зборови како совет за оние кои сакаат да започнат со програмирање…
Со сајтови како Coursera, Udacity, Codecademy и слични многу е лесно да се започне со програмирање и да се научат основите. Од таму најдобар начин за учење е при работа, со некои мали лични проекти. Може многу да се научи при пратење на некој туторијал за развивање на сопствен сајт/блог/форум/апликација или нешто слично. За почетокот мотивацијата мислам дека е многу битна, така да бирајте проекти кои ви имаат некакво значење. Доколку сакате филмови, собирајте информации за филмови од IMDB. Доколку користите социјални мрежи, направете скрипта која би пресметала кој највеќе ви има коментирано / ретвитнато. Корисно е да се има некоја цел освен завршување на дадена книга или туторијал. И секако, Mendo.mk за тинејџери.
8. Напиши ни неколку мудри зборови како совет за твоите колеги во индустријата…
Одржувајте се во форма така што не програмирате само на работа, туку и надвор од неа. На сајтови како Codeforces, Topcoder, CSAcademy и Codechef се одржуваат редовни натпревари кои се корисни за развивање на начинот на размислување при решавање на потешки проблеми, независно од програмскиот јазик. Open source проекти се добар начин за да учите од поискусни програмери. За крај, конференции и podcasts се корисни за да сте во тек со поновите трендови.
9. Доврши ја реченицава: Иднината на програмирањето е во вештачката интелигенција. Собирањето и користењето на што поголем број на податоци ќе е позначајно од било кој напишан алгоритам, и програмирањето ќе се врти околу овозможување на такви системи (додека не развиеме AI што и тоа го прави за нас).