ИТ форум: Прв поглед на TP-Link R480T, рутер наменет за мали и средни компании

Вообичаено опремата која е наменета пред се за употреба во компаниите не стигнува до првите страни на најголем дел од порталите. Сепак, рецензијата која на форумот на IT.com.mk ја напиша ARMac е навистина одлична па решивме да ја споделиме со сите. Станува збор за рецинзија на рутерот TP-Link R480T, кој пред се наменет за мали и средни компании чии сервери опслужуваат помеѓу 1.000 и 2.000 корисници. Овој рутер е погоден за компании кои не сакаат или не можат да трошат премногу пари за технички уреди, па за помали средства ќе можат да обезбедат солидна мрежа.

„Обични корисници со по 2 до 3 компјутери дома кои им служат за играње, симнување филмови и слично, нема да видат никаков аир од ова. За таква работа доволен е најефтиниот рутер што не се закочува, и затоа нема потреба за фрлање пари. Овој рутер е наменет за корисници кои имаат сервери што опслужуваат некои 1.000 до 2.000 корисници преку нет или околу 100 до 200 корисници поврзани локално, кои треба да се контролираат што работат. Кога буџетот не дозволува да се купи уред од ранкот на Fortigate, Draytek па дури и Cisco, ова рутерче може да заврши работа многу лесно“, објаснува ARMac.

Доколку спаѓате во овие категории на корисници или едноставно сакате да знаете се за техничката опрема, посетете го форумот и прочитајте ја опширната и одлична рецензија.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments