{mosimage}За да се искористи потенцијалот на новото технолошкото и информатичкото општествво, потребно е младите и старите да бидат „писмени“ за новите медиуми, односно да знаат како да пристапат на нив, да ги анализираат и да ги отценуваат сликите, звуците и текстот или пак да ги користат традиционалните и новите медиуми за комуникација и креирање на содржина.
Ова е ставот на Европската комисија.
„Интеракцијата со медиумите треба да биде многу повеќе од праќање пишани писма до весниците. Медиумите, посебно новите дигитални технологии, вклучуваат повеќе Европејци во светот на споделување, интеракција и креација. КОрисниците денеска креираат своја содржина и прават нови работи со трансформација на содржина од другите“ вели евопскиот ИКТ комесар, Вивен Рединг.
{mosimage}
За да се вклучат луѓето тие треба да знаат како да ги искористат ИТ сервисите. Затоа ЕУ сугерира да се промовира медиумската писменост низ Европа. Претходно ЕУ објави извештај во кој ја оцени состојбата на ИТ општеството во Европа. „Дигиталниот извештај“ покажа дека 1 од тројца европејци никогаш не биле онлајн, но сепак тоа е напредок споредено со изминатите години.
Инвестирање во 4G мобилна мрежа
Eвропската Унија најави дека ќе инвестира 18 милиони евра во истражување на 4G технологијата за мобилни телефони. Инвестицијата ќе стартува на први јануари идната година и е наменета за „Long Term Evolution Advanced technology" (LTE).
Планот е да се обезбеди мобилна интернет мрежа со брзина од 100 мегабити во секунда, што е 10 пати побрзо од 3G мрежата, која што неодамна влезе во Mакедонија. Инаку ова е дел од планот на ЕУ да инвестира околу 700 милиони евра во истражувања на идните мрежи.
Експлодирачки iPhonе
ЕУ стартува истрага за iPhone телефони кои експлодираат, односно истрага за валидноста на Apple-овиот продукт. Истрагата започна од случај во Франција кога млад корисник на iPhone бил полесно повреден кога екранот се распукал, а делче го ударило во окото.
Сличен случај со експлодирачки iPоd се појави и во Британија кога телефонот се само запалил откако паднал на земјата. Apple го оцени ова како изолиран случај, додека пак корисникот на телефонот тврди дека Apple се обидел да го подмити за да молчи. Повеќе за тој случај тука.
„Побаравме повеќе информации и од Apple и од земјите членки каде се случиле инцидентите.“ изјави Тон Ван Лиероп, кој е задолжен за индустриските досиеја во ЕУ.