ИТ.ЕУ: Пиратеријата е повик за будење

во ИТ.ЕУ

{mosimage}Интернет пиратеријата е сé посекси и посекси, посебно за младите, рече еврокомесарката за ИКТ, Вивиен Рединг повикувајќи се на анкета која покажала дека дури 60 отсто од младите меѓу 16-24 симнуваат аудиовизуелна содржина без воопшто да се грижат за плаќање. Лично верувам дека процентот на пиратите е многу поголем.

Но… со спроведење на законот, кој не е соодветен, ние ги тераме луѓето да станат пирати и да симнуваат нелегално, рече г-ѓа. Рединг пред Лисабонскиот совет. Со својот говор "Дигитална Европа, брзиот европски пат кон економска обнова" таа го презентираше нејзиниот поглед за развивањето
на ИКТ индустријата во наредните 5 години.

„Растечката интернет пиратерија е гласот на недовербата во постоечките бизнис модели и легални решенија. Треба да стане повик за будење на политичарите.

Потребно е да се казнуваат прекршителите на законот. Но дали имаме доволно атрактивни и
добри легални понуди на пазарот? Дали законодавниот систем за авторските права навистина е соодветен за интернет генерацијата?“ вели г-ѓа. Рединг.

Концентрирајќи се на достапноста и квалитетот на содржината, г-ѓа. Рединг потенцираше дека „Дигитална Европа може
да се изгради само со креирање содржина, и со интернет генерација како заинтересирани и иновативни потрошувачи.“



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments