{mosimage} Европската комисија ја објави одлуката од 518 страни според која го казни Intel со рекордни 1 милијарди евра за манипулација на пазорот со чипови и давање специјални попусти на производителите за да го неутрализираат AMD на пазарот во период од 2002 до 2007 година.
Објавувањето на одлуката заедно со деталите од истрагата е брза реакција на Комисијата откако пред една недела Intel изјави дека Комисијата нема доволно докази да покаже дека Intel имал нелегална стратегија против AMD и дека Комисијата го игнорирала фактот дека AMD во периодот од 2002 до 2007 всушност забележал поголем профит.
Документот на Комисијата не е целосна, недозстизаат доверливите делови, но има имејлови од HP, Lenova и други производители кои зборуваат за специјалните договори со Intel.
Пример, HP имал договор во 95 отсто од своите производи да користи Intel чипови. „ВЕ МОЛИМЕ НЕ… комуницирајте со регионот, членовите од вашиот тим или AMD дека го доведовмe AMD на 5% поради договорот со Intel" пишува во имејл на HP.
Intel држи околу 80% од глобалниот пазар на чипови наспроти 20% на AMD.
ЕУ го истражува 7 милијарди вредниот договор меѓу Oracle и Sun
Лари Елисон директорот на Oracle Corp., компанијата за бизнис софтвер и дата бази, вели дека неговата фирма губи околу 80 милиони евра секој месец поради инспекцијата на Европската Комисија за договорот со кој Oracle за 7 милијарди евра ќе го купи Sun Microsystems, производител на хардвер и софтвер.
„Колку повеќе се чека толку повеќе пари губиме“ вели Г-дин. Елисон кој верува дека договорот ќе биде одобрен бидејќи претходно американските регулатори го одобриле купувањето.
Од ЕУ велат дека тие се обврзани да го проверат договорот меѓу „најголемиот производител на датабази во светот и најголемиот креатор на дата бази со отворен код“ вели европскиот комесар за конкурентност на пазарот, Нили Крос.
Конечната одлука на ЕУ се очекува до 19 јануари.
Подршка за Google против Lous Vuiton
Luis Vuitton и други брендови поднесоа тужба против Google бидејќи интернет гигантот на десниот дел од пребарувачот објавува реклами со кои се продаваат реплики на оригиналните производи.
Во рекламите кои Google ги продава, тие што се рекламираат одбираат клучни зборови како Louis Vuitton и зборови од нивните брендови да продадат фалсификати од нивните производи. Затоа овој бренд го тужи Google пред францускиот суди и Европскиот суд на правдата.
Но, судијата Поера Мадуро од Европскиот суд го подржа Google и рече дека, според неговото мислење, Google не ги прекршува авторските права.
„Самото објавување на релевантни сајтови според клучните зборови не е доволно да ги збуни потрошувачите за потеклото и квалитетот на производите“ вели судијата Мадуро кој додаде дека Google може да биде казнет ако брендовите докажат дека тие „неоригинални“ реклами влијаеле врз продажбата на оригиналните производи.






