ИТ.ЕУ: ЕУ го одобри „екранот за избор на прелистувачи“

во ИТ.ЕУ

{mosimage} На Европската Комисија и се допадна решението на Microsoft да понуди „екран за избор на прелистувач“(bailout screen) преку кој корисниците ќе си одберат еден од 12 понудени прелистувачи при инсталација на Windows, и му одбори на Microsoft да започне да ја тестира таа опција.

Претходно Internet Explorer се инсталираше заедно со Windows, кој е најпопуларниот оперативен систем во светот, со над 80 отсто од пазарот. Бидејќи IE одеше со Windows тоа значеше и монопол на IE со над 70 отсто од пазарот на прелистувачи.

По поплаките на Opera, Mozilla и Googlе, Европската Комисија му нареди на Microsoft да ја отфрли доминантната позиција и да најде решение со кое ќе понуди избор на eвропските корисници.

Microsoft првин сакаше да понуди Windows без ниту еден прелистувач, но Комисијата не го прифати тоа. Потоа Microsoft дојде до решение да понуди „екран со избор на прелистувачи“
при инсталацијата на Windows што покрај избор од 12 прелистувачи, ќе понуди и повеќе информации за тоа што е прелистувач.

Тоа за ЕУ е прифатливо и затоа ги кани корисниците, компаниите за софтвер и прозводителита на копјутери да коментираат за ова „подобрено решение на Microsoft".

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments