0 коментари 2 мин. читање 12 август, 2011

Истражување покажа дека ги гледаме Google+ и Facebook идентично

Според истражувањето на ЕyeTrackShop, Google+ и Facebook имаат скоро идентични дизајни според тоа како корисничкиот поглед се движи на двата сајта и според тоа како корисниците се фиксираат на веб елементите на страната.

EyeTrackShop користи алатка за следење на погледот преку корисничките веб камери. Ова алатка ги бележи најчестите погледи и најчестите фокуси на 54-те корисници кои учествувале во истражувањето додека прегледуваат веб сајт.

Следењето на погледот е важно за дизајнот на сајтот бидејќи со оваа информација лесно може да се идентификува како паѓа погледот на екраните, и на клучните точки да се постават најважните елементи од тој сајт. Или како што Google и Facebook имаат направено, фидот со најновите вести е поставен токму на место каде што корисничкиот поглед се фокусира прво.

Инаку, EyeTrackShop го започнал истражувањето да открие дали реклами на Google+ имаат поголем потенцијал од рекламите на Facebook. Според резултатите, 50 отсто од корисниците се фокусирале барем една секунда на рекламите на двете друштвени мрежи.

Да бидеме фер, Google+ го има ископирано дизајнот на Facebook, барем распоредот на елементи, и затоа heat мапите се идентични. Но, Google не би го дизајнирал сајтот поинаку да не е сигурен дека го добива најдобриот распоред. Како контра аргумент на heat мапите е корисничката навика. Сигурно при логирање на Facebook погледот паѓа на стримот со најнови вести бидејќи таму се и поставени најновите вести. Корисниците го прегледуваат сајтот според важноста на тоа што тој го нуди. Но, ова следење на погледот се користи и при самото дизајнирање, па може да се каже – што е попрво, кокошката или јајцето?

(via AllthingsD)

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top