0 коментари 2 мин. читање 11 септември, 2015

Истражувачи тестираа 30 фитнес апликации, а само една доби позитивна оценка

Девелоперите навистина имаат среќа што никој не ги проверува тврдењата кои ги наведуваат во своите фитнес апликации. Истражувачи од Универзитетот на Флорида неодамна тестираа 30 фитнес апликации објавени на Apple AppStore за квалитетот на вежбите, а тестот го помина единствено една апликација. Истражувачи ги споредуваа апликациите со препораките на Американскиот колеџ за спортска медицина за физичка активност, и од 30-те тестирани апликации, условите ги исполнува единствено една. Условите не се едноставни и ги има многи, но тоа што е поразително е што единствено Sworkit Lite Personal Workout и 7 Minute Workout исполнуваат над 5 од 14 точки, a над 50 отсто од условите исполнува единствено Sworkit Lite, јави Washington Post.

Оценувањето на секоја од апликациите е детално од загревање и релаксација, до истегнување и безбедност на вежбите. Дополнително секоја од апликациите треба да има вежби во три категории: аеробно вежбање, сила и флексибилност. Најголем дел од апликациите ги исполнуваат условите за сила, дел ги исполнуваат за аеробни вежби, но многу е мал бројот на апликации кои ги исполнуваат условите за флексибилност.

„Проблемот со овие апликации е што со нивно користење корисникот ризикува повреда, бидејќи апликациите не ги подготвуваат доволно, не користат пригодни техники и не се грижат за безбедноста“, вели Франсоа Модав, кој го водеше истражувањето.

Одговорот на дел од девелоперите е дека не е потребно сите вежби да бидат сместени во единствена апликација, и тоа е в ред, но тогаш би морале за ова да го известат корисникот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top