0 коментари 1 мин. читање

Хакери креираа клуч што ги отвора сите брави со 3Д принтер

Група ентузијасти и експерти за обивање на брави, одлучи да и одржи лекција на американската Агенцијата за безбедност при транспорт (TSA). Федералната агенција неодамна дозна дека доколку имате единствен клуч – калауз кој ги отвора сите катанци, тогаш можеби неговото покажување и не е најпаметната идеја.

Благодарение на 3Д принтер и слика објавена на Washington Post, експертите успеаа да креираат клуч кој ги отвора катанците кои препорачаа од TSA. Дополнително, CAD документ за печатење на клучот е достапен на Github, јави Wired. Клучевите не само што веќе се отпечатени туку се и испробани и успешно ги отвораат катанците на аеродромите.

Она што сега им останува на корисниците е да ги игнорираат препораките на агенцијата и наместо катанeцот кој агенцијата им го препорача, да земат и да си користат различен кој ќе биде побезбеден. Агенцијата препораките им ги испорача на повеќе производители, па наоѓање на безбеден катанец може да биде потешко отколку што изгледа.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top